ВИДЕО: Фудбалски натпревар во Боливија продолжен за дури 42 минути, судиите суспендирани

фото: принтскрин/Youtube/Tigo Sports Bolivia

Фудбалската федерација на Боливија суспендираше шест судии бидејќи во тамошниот шампионат продолжија натпревар за дури 42 минути.

Eкипата на Палмафлор во понеделникот го победи Блуминг со 3:2, а дуелот во градот Чапаре траеше 132 минути на силен дожд, според „АП“.

Судијата Хулио Гутиерез го продолжи натпреварот за цели 42 минути поради долготрајното ВАР прегледување на видеото од вториот гол на Палмафлор и тепачката што следеше по двата црвени картони кои им беа покажани на играчите на гостинскиот тим.

Блуминг се огласи на Твитер и тврди дека судиите ги изложиле играчите на тимот на висок ризик од повреди поради „преголемо продолжение“.

Еден од директорите на Палмафлор е поранешниот боливиски претседател Ево Моралес, кој на социјалните мрежи напиша дека неговиот тим победил и покрај „сомнителните судии“.

Моралес беше претседател на Боливија од 2006 до 2019 година, а клубот што го предводи годинава влезе во Првата лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот