ВИДЕО | Фрајбург со гол од пенал во 95-та минута го елиминираше Баерн од Купот на Германија

Фото: EPA-EFE/EDUARD MARTIN

Фудбалерите на Фрајбург се пласираа во полуфиналето од Купот на Германија откако вечерва со 2:1 го елиминираа Баерн Минхен.

Упамекано го доведе Баерн во водство по 19 минути игра и излгедаше дека избраниците на Томас Тухел нема да имаат проблем. Сепак, Хофер само осум минути подоцна донесе изедначување.

На нов гол се чекаше се до самата завршница. Вистински студен туш беше досудениот пенал за Фрајбург во 95-тата минута. Пеналот во гол го претвори Лукас Холер и така го елиминираше фаворитот.

За Томас Тухел ова е прв пораз на клупата на гигантот од Минхен откако за викендот дебитираше со победата против Борусија Дортмунд во Бундес лигата. Во натпреварот кој се играше денес претходно пласман во полуфиналето обезбеди и тимот на Ајнтрахт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот