Фото: EPA/CLAUDIO GIOVANNINI

ВИДЕО | Фиорентина се бори за опстанок во Серија А, Болоња славеше над Удинезе

Денеска во 26 коло од најсилното италијанско првенство фудбалерите на Фиорентина со резултат 1:0 на домашен терен ја совладаа Пиза.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот за „виолетовите“ беше Моизе Кен во 13 минута од мечот на стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца.

Ова е значајна победа за играчите на Фиорентина во борбата да се обезбеди опстанок во Серија А, моментно е на 16 позиција со 24 бодови, колку и Лече кој е во опасната зона за испаѓање на 18 место. Пиза е на претпоследното 19 позиција со 15 бодови.

Во понеделникот се одигра уште еден натпревар, Болоња со 1:0 триумфираше над Удинезе на стадионот „Ренато Дал`Ара“.Победа за домаќините донесе Федерико Бернардески во 75 минута од средбата од пенал.

Болоња после долгата серија порази, го врза и вториот триумф во низа за моментно осмо место на табелата со 36 бодови, додека Удинезе по 12 пораз сезонава се наоѓа на 11 позиција со 32 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот