ВИДЕО | Филипче најави Резолуција во Собранието против мигрантите: Ако не ја прифатат ќе повикаме на голем народен протест
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција најави дека ќе поднесат резолуција до Собранието против носењето мигранти во Македонија. Рече дека ова е втор чекор по онлајн петицијата која ја објави вчера, а се однесува на иднината и безбедноста на Македонија.
Препорачано
Филипче ги повика сите од ВМРО-ДПМНЕ да кажат дали цел свет лаже, а само тие ја зборуваат вистината за мигрантите, коментирајќи ја објавата во угледни британски медиуми дека Македонија ќе прими мигранти.
„Денеска најавувам и нов чекор. После оваа петиција ќе излеземе во Собранието и ќе бараме изгласување на Резолуција за да го запреме ова. Тоа ќе биде вториот чекор“ рече Филипче.
Тој ги повика и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат Резолуцијата, со која, како што рече, ќе се избегнат обвинувањата кој лажел, а кој не лажел. Рече дека нема да им веруваат само на зборови, туку да има потписи.
„Доколку ВМРО-ДПМНЕ не излезе и не ја прифати оваа Резолуција ќе бидеме приморани понатаму да се бориме со сите демократски средства. Едно од нив е да ги повикаме граѓаните на голем народен протест. Заедно, сплотени да го блокираме процесот на носење мигранти во Македонија“, порача Филипче.
Тој уште еднаш праша дали Македонија, „земја која не може да испалти плати и да одржи базичен ред дома“, може да се справи со ваков наплив на мигранти.
Николоски во Лондон го потпиша најголемото задолжување во независна Македонија


