ВИДЕО: Европските лидери го посетија уништениот Ирпин

Макрон, Шолц и Драги во Ирпин/ Фото Ludovic MARIN / AFP / Profimedia

Тројцата европски лидери го посетија Ирпин, град во близина на Киев, кој руските трупи брутално го окупираа на почетокот на војната.

Емануел Макрон, Олаф Шолц и Марио Драги се информирани за она што се случува во градот и се работи за враќање на животот во нормала.

Ирпин е на прагот на Киев, а на почетокот на март руските трупи со намера да го освојат главниот град го зазедоа градот.

Неговиот разнесен мост и речниот премин станаа меѓународно познати како ризична рута за бегство од соседната Буча, местото на многу од наводните руски воени злосторства.

Во самиот Ирпин беа пронајдени телата на 290 цивилни жртви.

Макрон, Шолц и Драги во Ирпин/ Фото Ludovic MARIN / AFP / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот