ВИДЕО | Емотивна и женска песна: Бојана Скендеровски ја промовираше „Лажни светови“

Фото: Промо

„Лажни светови“ е насловот на најновата песна на Бојана Скендеровски. Станува збор за одлична балада во која таа го покажува сиот свој раскош, сета своја емоција – „Лажни светови“ е вистинска емотивна, женска песна, која Бојана ја носи маестрално и го покажува сиот свој музички раскош.

Автор на музиката и текстот е Александар Тарабунов – Тара, додека аранжманот е со потписот на Димитар Андоновски.

„Одамна сакав ваква песна, сакав да отпеам нешто што ќе трае. Сакав песна со музика, мелодија и песна што ќе може да биде отсвирена во живо, со инструменти. Во денешно време на компјутерска музика ни недостасуваат песни со мелодија отсвирени во живо“, рече Бојана и призна дека верува во „Лажни светови“ зашто е направена со многу љубов, емоции.

За песната е снимено и видео кое е работено под капата на „Скендеровски продукција“, во кое главната улога ѝ припаѓа на Бојана, а акцентот е ставен на емоцијата. Бојана се појавува во неколку интересни креации за кои беше задолжена Ивана Кнез.

Тука не завршуваат новитетите кога е во прашање името на Бојана и Скендеровски продукција – имено на 23 март стартува вториот дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“.

Прв на списокот градови е Свети Николе. Концертот е закажан на 23 март на Тодорова сабота, а стартот на концертот е во 14 часот и истиот ќе се одржи во рамките на прославата која е традиционална во овој град и е по повод овој убав празник.

Значи, убавата македонска песна продолжуваме да ја славиме и оваа година, а пораката останува иста – дојдете заедно да пееме и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот