ВИДЕО | Едно лице загина, неколку исчезнати по експлозија на островот Џерси

Фото: Скриншот/Јутјуб

Едно лице загина, а неколку се исчезнати по експлозија на островот Џерси во близина на брегот на северна Франција, соопшти денеска локалната полиција.

„По утринската експлозија во Хаут ду Монт на улицата Пјер, голем број жители се уште се водат како исчезнати. Службите за итни случаи се на лице место и почнаа со површинска потрага на областа”, објави полицијата во Џерси на Твитер.

Британските телевизиски канали објавија дека едно лице загинало, а полицијата ја потврди оваа информација.

Џерси е британски имот со сопствен финансиски и судски систем и население од нешто повеќе од 100.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот