ВИДЕО| Едно лице загина, две се водат како исчезнати во експлозија во фабрика за челик „Ју-Ес“ во близина на Питсбург
Едно лице загина, две се водат за исчезнати, а десетици се повредени во силната експлозија во челичарницата „Steel Clairton Coke Works“ во Клертон, град на околу 15 милји од Питсбург, соопшти полицијата на округот Алеџени.
Препорачано
Според локалните власти, експлозијата заробила луѓе под урнатините, поради што е започната итна операција за спасување.
A rescue operation is underway for people trapped under rubble following an explosion at a Pennsylvania steel plant, county officials said.
It’s not clear how many people are trapped from the blast at the US Steel Clairton Coke Works plant in Clairton. https://t.co/wW0te3EYBQ pic.twitter.com/6QssqJ9ied
— ABC News (@ABC) August 11, 2025
-Точниот број на повредени сè уште не е познат, но повеќето од примените немаат повреди опасни по живот, изјави портпаролката на EMS на округот Алеџени, Кејси Рејнер.
Локалниот Институт за јавно здравје, кој го следи квалитетот на воздухот, е исто така на местото на несреќата, додека гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро, изјави дека неговата администрација соработува со властите.
„Ситуацијата останува активна и жителите во близина треба да ги следат упатствата на локалните власти. Ве молам, придружете ни се на Лаура и мене во молитвата за заедницата на Клертон“, објави гувернерот на социјалните медиуми.
Членови на американското Биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) исто така беа испратени на терен, потврди портпаролот на агенцијата.
Причините за експлозијата се уште непознати, а истрагата е во тек.


