Убиство во Тетово/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Едно лице е убиено во пукање во Тетово, објави ТВ21

Скопската телевизија ТВ21 известува за пукање во Тетово, при што едно лице е убиено.

Според информации, едно лице го загуби животот како последица на напад со огнено оружје, објави ТВ 21 покрај видеото од настанот на кое се гледа изрешетан син автомобил. На локацијата трае се уште увидот на полицијата и таа е блокирана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TV21 Macedonia (@tv21hd)

Дополнителни детали за случајот засега не се познати, а од СВР Тетово сè уште не излегоа со официјално соопштение за детали и причината што довела до овој настан.

Засега е непознат и идентитот на убиеното лице, а неофицијално пукањето е извршено со автоматско оружје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот