Screenshot/X

ВИДЕО | Eдерсон се повреди, па удри по камерата

Несекојдневна сцена беше видена на натпреварот меѓу Фенербахче и Кочаелиспор, каде што гостите славеа убедлива победа од 4-0, но вниманието го привлече реакцијата на голманот Едерсон.

Бразилецот во еден момент остана да лежи на теренот поради повреда, а додека му се укажуваше помош, подвижна камера се доближи за да сними крупен кадар. Тоа очигледно не му се допадна на чуварот на мрежата, кој реагираше нервозно и со силен удар ја оттурна камерата.

Неговиот потег веднаш предизвика реакции, бидејќи вакви ситуации ретко се гледаат на фудбалските терени, особено кога станува збор за директен контакт со телевизиска опрема за време на натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот