ВИДЕО | Џон Малкович за филмските студија во Скопје: Ќе ги отвориме вратите за нови можности

Фото: Скриншот/Јутјуб

Холивудскиот Џон Малкович вчера ја одигра претставата „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“, во рамки на годинашното издание на „Охридско лето“, а денеска беше во посета на Скопје, каде во негова чест беше организирана бизнис-уметничка вечера.

Веста дека постои идеја, односно проект за градење филмски студија во Скопје беше вистинско пријатно изненадување за македонската јавност минатата година. На денешната прес-конференција, Малкович побара поддршка за реализација на проектот пред македонските новинари.

„Ќе ги отвориме вратите за нови можности, привлекувајќи нови странски инвестиции на Балканот, од Запад и пошироко. Овој проект не само што ќе ја поттикне економијата, туку и ќе го насочи меѓународното внимание на извонредниот талент што се наоѓа во оваа земја. Сите ја споделуваме визијата за поставување на Северна Македонија на глобалната сцена на филмската и музичката индустрија, покажувајќи ја нејзината убавина, талент и потенцијал. Овој напорен проект е доказ за вербата во истрајноста – и дека со работа рака под рака… заедно ќе создадеме нова економска иднина за регионот, рече Џон Малкович, а пренесе „Телма“.

ФОТО | Џон Малкович ја праша публиката на „Охридско лето“: Кога последен пат сте воделе љубов и сте уживале?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот