ВИДЕО: Џо Скали со прекрасен гол од 20 метри за реми против Мајнц

фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах и Мајнц одиграа одличен натпревар во седмото коло од најсилната германска лига.

Тоа беше премиерниот меч во оваа бундеслигашшка рунда, беа постигнати четири гола, а не недостигаше драма во финишот.

На крајот домашните успеаја да избегнат пораз со прекрасниот гол на Џо Скали во 88 минута.

Во текот на првото полувреме водеѓе Борусија (М) со погодокот на Нојхауз во 22 минута, но само 120 секунди подоцна израмнија гостите преку Груда.

Мајнц дојде до позитива во 75 минута благодарение на Баркок, а конечниот епилог го постави Скали.

Борусија Менхенгладбах е на 12 позиција на табелата со шест бодови, а Мајнц кој и натаму е без триумф сезонава е претпоследен на 17 место со два бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот