ВИДЕО | Џенифер Лоренс се „закани“ пред камерите: Урнебесна реакција на актерката на Златните глобуси

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Познатата актерка Џенифер Лоренс беше една од гостите на доделувањето на наградите Златен глобус 2024, а посебно внимание привлече во еден момент при објавувањето на номинираните и нејзиното име.

Имено, во моментот кога за време на церемонијата беше објавено името на Лоренс меѓу шесте номинирани за најдобра актерка во филм од жанрот комедија или мјузикл, ѕвездата од филмот „Без тешки чувства“ имаше посебна порака.

Како што е прикажано на видеото од крупен кадар, таа на шега се закани пред камерите велејќи: „Ако не победам, си заминувам!“.

Неколку моменти подоцна, Ема Стоун беше прогласена за добитничка на наградата, а Лоренс всушност беше една од најрадосните. Наместо да „излезе“, Џенифер ги фрли рацете во воздух и се придружи на хорот од овации за Ема.

Видеото од моментот за брзо стана вирално на социјалните мрежи и ги насмеа бројните обожаватели.

Златен глобус 2024: Филмовите „Барби“ и „Опнехајмер“ со убедливо најмногу номинации

ВИДЕО | „Поважно ми е да бидам здрава“: Селена Гомез одговори на критиките за вишокот килограми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот