Џејми Оливер - Фото: Инстаграм/Jamie Oliver

ВИДЕО | Џејми Оливер го посети Белград, се дружеше и готвеше со обожавателите

Британскиот готвач Џејми Оливер пристигна во Белград, во неговиот „Џејмис Паста Бар“ во „Фуд Хангар“, каде што го пречекаа бројни обожаватели кои чекаа ред за фотографија и средба со познатата кулинарска ѕвезда. Некои од гостите дури и платија за да имаат можност да ги пробаат јадењата на светски познатиот готвач, чие доаѓање предизвика големо воодушевување и голема гужва на локацијата.

Во видеото се гледа како Оливер опуштено комуницира со присутните, ги поздравува обожавателите, се смее, потпишува автограми и се фотографира со нив, а им дели и совети. Тој изјави дека енергијата на градот и луѓето му е фантастична.

Неговиот „Џејмис Паста Бар“ веќе привлекува голем број гости, а овој посебен настан дополнително го зголеми интересот.

Во текот на посетата, тој готвел во три термини кои биле брзо распродадени. Гостите кои успеале да резервираат место уживале во пржени лазањи, крцкави лигњи, брускети со домати и тартар, паста со ракчиња, кремаста карбонара, таљатели болоњезе и рижото росо.

Целото мени носи назив „Џејми ја слави Италија“ и е инспириран од традиционалната италијанска кујна. Цената на менито изнесува 7.500 динари, односно околу 64 евра по лице.

Џејми Оливер го сподели својот престој во Белград и на социјалните мрежи, каде што објави фотографии и видеа од настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот