Пожар во продавница за пиротехника во Кина/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Дванаесет жртви во експлозија во продавница за пиротехника во Кина

Дванаесет лица загинаа денеска кога по експлозија избувна пожар во продавница за пиротехнички средства во кинеската покраина Хубеи, при што изгореа 50 квадратни метри од деловниот простор, објави државната телевизија CCTV, пренесува Скај њуз.

Инцидентот се случил во централниот кинески град Сјангјанг, а причината за експлозијата е под истрага, според CCTV.

Експлозиите поврзани со огномет не се невообичаени во Кина, каде што прскалките се широко и често неселективно користени за време на празнични пригоди како што се прославите на Лунарната Нова Година, кои започнаа вчера.

Во јуни, експлозија во фабрика за огномет во соседниот Хунан уби девет лица, а повреди уште 26.

Некои градови во Кина ја забранија употребата на огномет од безбедносни причини и загриженост за загадувањето на воздухот, но мерките предизвикуваат контроверзии бидејќи прскалките, кои традиционално се користат за одвраќање на злите духови, играат важна улога во прославите на кинеската Нова Година.

Кина: Осум загинати во експлозија на пиротехника во продавница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот