ВИДЕО | Двајца Срби шверцувале 232 кг. дрога во Италија

Истрагата утврди дека и двајцата работеле за иста криминална група.

Во полициска акција во Италија се уапсени двајца возачи на камиони, кои се српски државјани. При детален претрес на двете возила, полицијата открила 232 килограми марихуана, која била внимателно спакувана и скриена помеѓу товар бисквити и јаглен.

Истрагата утврди дека и двајцата работеле за иста криминална група.

Првиот камион бил запрен на излезот од автопатот Верона, а во возилото наменети за транспорт на јаглен биле пронајдени 188 килограми пупки марихуана.

Покрај него, на следната рампа за патарина бил запрен уште еден српски државјанин. На прашањето по кој пат ќе тргне, тој одговори несигурно, создавајќи сомнеж дека крие нешто. После тоа, при претресот биле откриени 44 килограми марихуана меѓу тоните бисквити што ги превезувал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот