ВИДЕО: „Дрим тимот“ пред Токио го совлада светскиот шампион Шпанија

Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Кошаркарите на Соединетите Американски Држави ја совладаа Шпанија во последниот контролен натпревар пред настапот на Летните олимписки игри во Токио со 83:76.

Американците после шокантните порази од Нигерија и Австралија, конечно влегуваат во ритамот за кој се надеваат дека ќе им биде доволен за одбрана на олимпиското злато.

Најефикасен во победничките редови беше Дејм Лилард со 19 поени, Џонсон имаше 15, а Дурент 14.

На спротивната страна за актуелниот светски шампион најдобро се истакна Рики Рубио со 23 поени, следен од Ернангомемез (11) и Марк Гасол (10).

Составот на Грег Попович на Олимпијадата се наоѓа во групата „А“ заедно со Иран, Франција и Чешка, додека Шпанците се во групата „Ц“ со Аргентина, Јапонија и Словенија. Првите натпревари од кошаркарскиот турнир во Токио ќе се играат на 25 јули.

НБА ѕвезда од БиХ сакалa да купи вакцини против коронавирус од САД и да ги подари на својата држава: Човештвото не изневери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот