НБА ѕвезда од БиХ сакалa да купи вакцини против коронавирус од САД и да ги подари на својата држава: Човештвото не изневери

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарот на Портланд треилблејзерс, Јусуф Нуркиќ се обидел да откупи поголеми количини на вакцини против коронавирус од САД и да и ги донира на БиХ, но бил одбиен.

Ниркиќ за време на пандемијата на коронавирусот остана без својата баба и уште неколку роднини кои живеат во БиХ, држава во која досега има забележено повеќе од 200.000 позитивни случаи и речиси 10.000 починати. Во БиХ само пет проценти од популацијата е вакцинирана против коронавирус, пишува ЕСПН.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jusuf Nurkić (@bosnianbeast27)

– БиХ добива донации, но тоа не е доволно да се вакцинира целото население. Се обидов да откупам доволно вакцини за целата држава, пресметав колу пари ќе ми требаат за тоа, направив и план, но за жал не може да се реализира. Дури и доколку успееме да пронајдеме вакцини, законите во САД не дозволуваат продажба на вакцини се додека американските државјани не бидат сите вакцинирани. Не знам што да правам, се сè обидов – изјави Нуркиќ кој е фрустриран бидејќи пропаѓаат огромен број на вакцини во САД бидејќи Американците не сакаат да се вакцинираат, а тие вакцини добро би и дошле на неговата земја.

– Толку држави патат, а САД која е држава број еден во светот, има вакцини за луѓето кои не сакаат да се вакцинираат. Човештвото повторно не изневери. Зарем останатите драви не треба да добијат дел од тие вакцини – рече Нуркиќ за ЕСПН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот