ВИДЕО | Драмата продолжува, Вемби со уште едно доминантно издание ги водеше Спарс до израмнување
Кошаркарите на Сан Антонио славеа против Оклахома со 103-82 во натпреварот одигран изминатата ноќ и повторно ја вратија неизвесноста во серијата на Западот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Со триумфот на Спарс, резултатот во серијата сега е израмнет на 2-2, па драмата во борбата за финалето на Западната конференција продолжува.
Актуелниот шампион го загуби првиот меч во серијата кога блескаше Виктор Вембањама со 41 поен и 24 скока, но Оклахома возврати во третиот натпревар и направи брејк на гостински терен.
Сепак, избраниците на тренерот Мич Џонсон покажаа дека имаат квалитет за големи дострели и предводени од фантастичниот Вембањама стигнаа до втор триумф во серијата.
Францускиот кошаркар натпреварот го заврши со 33 поени, осум скока и пет асистенции, а додаде и две украдени топки и три блокади. Девин Васел и Стефон Касл постигнаа по 13 поени, додека Диерон Фокс уфрли 12 поени, надополнети со 10 скока и пет асистенции.
Кај Оклахома, Шеј Гилџес-Александер беше најефикасен со 19 поени и седум асистенции. Исаја Хартенштајн додаде 12 поени, Ајзеа Џо постигна 11, а Чет Холмгрен и Џејлен Вилијамс натпреварот го завршија со по 10 поени.


