Фото: „Ројтерс“ / Принтскрин

ВИДЕО: Дождовите поплавија над 1.500 домови во Албанија, водата проголта илјадници хектари ниви

Албанскиот претседател Еди Рама соопшти дека во поплавите што ја зафатија Албанија досега се регистрирани 1.587 поплавени домови и други објекти, евакуирани се 339 луѓе од 51 семејство, а под вода се наоѓаат 13.211 хектари земјоделско земјиште, пренесе албански „Телеграф“.

Итните служби користеле чамци за да ги евакуираат жителите заглавени во поплавените куќи во околината на другите југозападни албански градови Фиер и Валона, откако реката Вјоса се издигнала на над 9 метри, соопшти Министерството за одбрана.

ВИДЕО | Загина човек во поплавите во Албанија, вонредна состојба во повеќе делови, се евакуираат луѓе

Маж, исто така, се удавил во албанскиот град Драч, а бил пронајден од итните служби кои евакуирале десетици луѓе од поплавените домови погодени од обилниот дожд, пренесе „Ројтерс“.

Човекот кој загинал бил вработен во општинската служба, исчезнал во вторникот, а 55-годишниот маж бил пронајден мртов во одводен канал во Драч, најверојатно однесен од силната водена струја, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Членови на цивилната заштита се движат низ поплавеното подрачје по обилните врнежи што предизвикаа поплави, во близина на реката Вјоса, во Делења, во близина на Валона.

 

Тој додаде дека поплави има и во одредени здравствени и образовни установи, при што количината на дожд достигнала и до 300 милиметри на квадратен метар, што е повеќе од месечниот просек.

Според министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, на терен низ целата земја се ангажирани околу 5.500 полицајци со 700 возила, додека противпожарните единици распоредиле над 720 пожарникари, 55 возила и 22 пумпи во најкритичните подрачја.

ВИДЕО+ФОТО | Вонредна состојба во Србија поради снегот, делови од државата без струја и вода

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот