ВИДЕО: Дончиќ со „трипл-дабл“ против Сакраменто, Џејмс во последните секунди го урна Голден Стејт

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Во НБА лигата кошаркарите на Сакраменто триумфираа на гостувањето кај Далас со конечен резултат 115:120.

Недоволен беше „трипл-дабл“ учинокот на играчот на Маверикси, Лука Дончиќ, од 28 поени, 10 скокови и 17 асистенции.

На спротивната страна во редовите на Кингси доминираше Фокс со 34 поени, три скокови и пет асистенции.

Крајно возбудлив натпревар одиграа Голден Стејт и ЛА Лејкерс, во кој славеа „езерџиите“ со 144:145 по две продолженија.

Прва ѕвезда во екипата на Вориорси беше Кари со 46 поени, три скокови и седум асистенции, а за Лејкерси Џејмс кој ги постигна решавачките поени за триумф на неговиот тим, запиша 36 поени, 20 скокови и 12 асистенции.

НБА лига, резултати

Бруклин – Хјустон 106:104
Бостон – ЛА Клиперс 96:115
Шарлот – Јута 122:134
Милвоки – Њу Орлеанс 141:117
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 144:145 (по 2 продолженија)
Сан Антонио – Минесота 113:112
Далас – Сакраменто 115:120

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот