ВИДЕО: Дончиќ го растури Портланд и заработи суспензија, Бруклин ја покажува силата пред плеј-офот

Словенечката ѕвезда на Далас маверикс, Лука Дончиќ/фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Далас маверикс го совлада Портланд треилблејзерс со 128:78 и го обезбеди четвртото место како и предност на домашен терен на стартот од плеј-офот. Најзаслужен за победата беше Лука Дончиќ кој имаше скор од 39 поени и 11 скока, но исто така ја заработи и 16. техничка грешка сезонава поради приговор на одлуките на судиите поради што ќе го пропушти последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната.

Екипата со најдобар скор во НБА лигата, Феникс санс со 111:105 ја совлада Јута џез притоа успевајќи да се врати од минус 17. Интересно е што Јута по 16 пат сезонава губи кога во натпревар има двоцифрена предност, а киксот против Денвер ги спушти на петтото место во Западната конференција. Предводник на Феникс беше Девин Букер кој постигна 33 поени.


Бруклин нетс е најдобар кога е најпотребно и со 118:107 го совлада Кливленд кавалирс. Кевин Дурент ги предводеше „мрежичките“ со 36 постигнати поени кои го стигнаа Кливленд на седмото место во Истичнара конференција. Доколку Бруклин утре ја совлада Индијата ќе го завери седмото место пред настапот на плеј-ин турнирот.


Лос Анџелес Лејкерс откако ги загуби сите шанси за настап во разигрувањето за титулата конечно успеа да победи и тоа над Оклахома Сити тандерс со 120:101. Стенли Џонсон со 21 поен беше најефикасен кај Лејкерс, додека кај Оклахома се истакна Џејлен Хорд со 27 поени.


Резултати:
Детроит – Милвоки 101:131
Вашингтон – Њујорк Никс 92:114
Бруклин – Кливленд 118:107
Торонто – Хјустон 117:115
Мајами – Атланта 113:109
Чикаго – Шарлот 117:133
Далас – Портланд 128:78
Јута – Феникс 105:111
ЛА Лејкерс – Оклахома сити 120:101

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот