Фото: EPA/FILIP SINGER

ВИДЕО | Домен Превц со скок од 245,5 метри за нов рекорд

Словенечкиот ски-скокач Домен Превц постигна уште една импресивна победа на Светскиот куп во неделата, негова 13. оваа сезона, а постави и нов рекорд на скокалницата во Кулм, Австрија, летајќи до 245,5 метри во финалната серија.

Со тоа, тој го надмина претходниот рекорд за 1,5 метри, кој 10 години го држеше неговиот постар брат и поранешен шампион, Петер Превц.

Како и претходниот ден, единствениот конкурент во трката за победата за 26-годишниот Словенец беше младиот, 20-годишен Австриец Стефан Ембахер.

Сепак, за разлика од натпреварувањето во саботата, кога Ембахер беше во водство по првата серија и на крајот заостануваше само со 1,1 поен, во неделата актуелниот светски шампион во летови и иден вкупен победник на Светскиот куп го надмина за 24,8 поени.

Домен Превц скокна 238 метри во првата серија, а потоа направи рекорден лет од 245,5 м. До крајот на сезоната на Светскиот куп остануваат уште осум натпреварувања, четири на големите скокалници во Лахти (6 и 7 март) и Осло (14 и 15 март) и четири на скокалниците во Викерсунд (21 и 22 март) и Планица (27 и 29 март). Домен Превц има 1,814 поени, 761 повеќе од второпласираниот Јапонец Рјоју Кобајаши, и практично и математички го обезбеди освојувањето на Големиот кристален глобус.

ВИДЕО: Одермат се врати на победите во Гармиш-Партенкирхен, хитот од Олимписките игри остана без подиум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот