ВИДЕО: Додека Европа се соочува со пеколот, во Бразил паѓа снег

Фото: Јутуб

Најмалку 13 градови во Бразил деновиве беа погодени од голем студен бран. Локалните медиуми пренесуваат дека овој необичен временски феномен е последица од големата воздушна маса која влегла во овој регион. Метеоролозите прогнозираат температури до  минус 10 степени Целзиусови, а рекордно ниска температура се очекува во југоисточните градови во утре и во сабота. 

Неколку луѓе го прославиле снегот излегувајќи на улиците, откако на социјалните мрежи излегоа бројни видеа од жителите на бразилските градови. 

Се стравува дека студот ќе влијае на насадите со кафе следната година, затоа што студениот бран го зафатил средиштето на појасот со кафе во Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот