ВИДЕО | „Добредојде Иларија Каталина Ирена“: Алек Болдвин стана татко по 8-ми пат

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Среќната вест ја сподели сопругата на актерот, Хиларија Болдвин на социјалните мрежи. Таа и Алек во март потврдија дека повторно ќе станат родители.

„Многу сме возбудени да ви го претставиме нашиот мал сон. Нејзините браќа и сестри се толку возбудени и сите дебатираат на кого таа најмногу личи“ – напиша 38-годишната поранешна инструкторка по јога.

Алек Болдвин официјално е татко на осум деца. 64-годишниот актерот и неговата сопруга Хиларија Болдвин ја добија ќерката Иларија Каталина Ирена Болдвин. Таа е родена во четвртокот, на 22 септември.

Заедно имаат уште шест деца: Кармен (9), Рафаел (7), Леонардо (5), Ромео (4), Едуардо (2) и Марија Лусија (18 месеци). Алек ја има и 26-годишна ќерка Ајрланд со поранешната сопруга Ким Бесинџер.


Парот важи за еден од најстабилните во Холивуд, тие се во брак од 2012 година, по врската која траела неполна година. Ја прославија својата 10-годишнина во јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот