ВИДЕО: Динамо, Динамо, и браќата Мамиќ го славеа историскиот успех!

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Браќата Мамиќ, Здравко и Зоран, исто така го прославија триумфот на Динамо над Тотенхем и историскиот успех на клубот од Загреб.

Фудбалерите на хрватската екипа се пласираа во четвртфиналето на Лига Европа, откако во продолженијата на стадионот „Максимир“ го елиминираа составот на Жозе Мурињо.

Херој на „модрите“ беше Мислав Оршиќ кој реализираше хет-трик за конечен резултат 3:0.

Овој историски успех во европското натпреварување го славеа и досегашните челници на клубот од Загреб.

Потсетување дека Здравко и Зоран Мамиќ во изминатиот период беа осудени на затворска казна. Поранешниот тренер на клубот, Зоран Мамиќ пееше со играчите во соблекувалната.

ВИДЕО: Мурињо влезе во соблекувалната на Динамо и им аплаудираше на играчите!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот