ВИДЕО: Мурињо влезе во соблекувалната на Динамо и им аплаудираше на играчите!

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо им ја честиташе победата на играчите на Динамо Загреб на стадионот „Максимир“.

Денеска на реванш натпреварот од осминафиналето во Лига Европа, „модрите“ ја анулираа негативата од првиот меч (0:2), и со 3:0 го елиминираа премиерлигашкиот гигант.

После одигрувањето на дуелот, Мурињо влезе во соблекувалната на хрватската екипа и им аплаудираше на играчите.

Ривалите му се заблагодарија, а Португалецот уште еднаш ја покажа својата класа и докажа дека е голем и во поразите.

– Верувам дека не бевме изненадени од Динамо затоа што пред натпреварот знаевме дека мора да играме за да победиме и да избегнеме да мислиме дека нерешен резултат или минимален пораз е во ред. Им реков да играат за да победат. Дури и на полувреме им реков да не веруваат во тоа што сега е 0:0. Моите играчи не беа изненадени.

Ставот на Динамо беше исправен. Тие беа мотивирани и желни, сакаа да докажат дека имаат талент и да му докажат на светскиот фудбалски пазар дека имаат квалитет. Јас само можам да го наречам професионализам затоа што за мене професионалноста започнува од став. Тоа е она што е важно, после тоа повеќе или помалку талент прави разлика, но ставот никогаш не треба да се доведува во прашање – рече Мурињо после натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот