ВИДЕО | Рутинска победа за Манчестер Сити на гости против Нотингем

Фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Екипата на Манчестер Сити во рамките од 35. коло во англиската Премиер лига славеше победа од 0:2 против Нотингем Форест и така ја оправда фаворитската улога.

Домаќините кои се во битка за опстанок денеска немаа шанса против гигантот од Манчестер. Избраниците на Пеп Гвардиола до водство дојдоа по само половина час игра кога Јошко Гвардиол ја погоди мрежата на „Шумарите“.

Вториот гол на 20-тина минути пред крајот беше дело на Ерлинг Халанд, а втора асистенција на натпреварот запиша Де Брујн.

На табелата Манчестер Сити има бод помалку (79) од Арсенал (80) кој денес претходно го победи Тотенхем со 3:2, но „граѓаните“ имаат и натпревар помалку. Ливерпул е зад нив со 75 бода. Од друга страна Нотингем е прв клуб над опасната зона со еден повеќе од Лутон и два од Барнли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот