Судот во Хрватска ги потврди пресудите против браќата Мамиќ

Фото: EPA/STRINGER

Тренерот на Динамо од Загреб (во чии редови играат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски), би можел да оди во затвор пред сезоната да заврши, информираат хрватските медиуми.

Судот во Хрватска ги потврди пресудите против Здравко и Зоран Мамиќ (за повлекување пари од тамошниот фудбалски клуб), како и за преостанатите две лица против кои се чекаше постапка подолг период.

Здравко Мамиќ е осуден на шест и пол години затвор, а неговиот брат Зоран (тренерот на Динамо) на четири години и 11 месеци. Давор Врбановиќ мора да отслужи три години затвор, а даночниот инспектор Милан Пернар е осуден на три години и два месеци.

Во истата прилика, хрватското правосудство го укина делот од пресудата што се однесува на Милан Пернар, а одлуката за одземање на два недвижнини во вкупна вредност од 244.000 куни (над 30 илјади евра) од Здравко Мамиќ беше поништена. Некогаш, првиот човек на загрепски Динамо не помина „ефтино“. Тој ќе мора да врати дури 52 милиони куни (над 6,8 милиони евра) затоа што беше осуден по скоро сите точки од обвинението.

Само некои работи за кои се обвинети овие тројца се земање и давање мито, намалување на даноците, односно поделба на парите од трансферите на Дејан Ловрен и Лука Модриќ.

Здравко Мамиќ се пресели во БиХ во 2018 година, која не сака да го екстрадира во Хрватска бидејќи што има двојно државјанство, и кривичното дело за кое е осуден не е пропишано на ист начин во таа земја. За разлика од него, Зоран Мамиќ и Дамир Врбановиќ може да се соочат со затворски казни, бидејќи моментно се наоѓаат во Хрватска.

Судската постапка што заврши со оваа пресуда траеше повеќе од три години. Тогаш беше донесена невалидна пресуда, која дури денеска беше потврдена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот