ВИДЕО | Димковски: И догодина над 100 милиони буџетски субвенции во аграрот

заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски
Трајан Димковски, заменик министер за земјоделство / Утрински брифинг

За 2022 година се планирани 6,100 000 000 денари за субвенцционирање на земјоделците, но многу е поважно какви се програмите кои ги носи Министерството за земјоделство.

-Буџетот е многу поголем од тоа што сега го најавуваме. Очекуваме да се дополнат средствата, и дел од субвенциите ќе одат преку ковид програмата, вели заменикот министер за земјоделство Трајан Димковски за Утрински брифинг.

Тој вели дека секоја година имаме зголемување на извозот, но истовремено расте и увозот, а балансот е некаде околу 150 до 200 милиони евра.

-Ние како држава која има ограничени ресурси во одредени сектори, се покажува дека преку инвестиции може да го намалиме овој дефицит, вели Димковски.

Министерството редовно ги следи трендовите дали имаме развој или стагнација.

-Анализите покажаа дека последните десет години кога јаболкот беше субвенционирано по килограм бројката се движеше по 12, 13, 14 милиони килограми откупено јаболко. Ние субвенционираме за одржување на јаболкото на нашите насади, но и за извоз на јаболкото, вели Димковски.

Димковски додава дека имаме 20 илјади тутунари кои ги добиваат парите преку комбинатите кои откупуваат и дека има тренд на опаѓање, но тоа е карактеристично за површините кои даваат помал род.

Тој смета дека обвинувањата од ВМРО – ДПМНЕ прават штета.

-Колку и да дадеме пари на земјоделците за нив пак нема да биде добро, коментира Димковски. -Ние кога се донесе законот, со измени и дополнувања за ковид, не можевме да ги исплаќаме, не можевме авансно да ги исплаќаме бидејќи станува збор за помош, вели за Утрински брифинг, заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот