ВИДЕО: Димитар Митревски за влијанието на пандемијата врз случувањата во ракометот

Се надевам дека наскоро повторно ќе гледаме ракомет. Во моментов имаме пауза за репрезентации што можеби е дополнителен ризик, но тоа е одлука на ЕХФ. Во домашното првенство прекинот настана поради правилникот каде се бара 72 часа пред секој натпревар да има тестирање. Ова сега ќе донесе некои измени и додека се усогласат правилниците настана мала пауза. Од круцијално значење е спортот и за некои помали клубови би било доста погубно доколку настане подолга пауза, изјави спортскиот директор на РК Еурофарм – Пелистер Димитар Митревски, за тоа како случувањата поврзани со пандемијата на ковид-19 влијаат на ракометот, и воопшто на спортот.

-Чекаме да заврши репрезентативниот собир и би требало да започнеме брзо после тоа. Да се доигра првиот дел од домашната лига, па напролет да се продолжи со плеј-оф. На нас како ракометен клуб ни влијае многу. Мое субјективно мислење е дека ова ќе беше година кога највеќе ќе уживавме и после 15 години Еурофарм – Пелистер ќе се бореше за титулата. Но веќе три месеци сме во еден дренажен процес и имаме само еден натпревар, рече Митревски.

Патувањата се тешки за организирање, тестирањето е оптеретување. Добар дел од спонзорите ги намалуваат средствата или се откажуваат поради кризата. Има доста препреки, но ние се радуваме да се игра ракомет, да се продолжи со темпо и да го дочекаме плеј-офот и дотогаш ќе има подобри времиња за натпреварување, вели Митревски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот