ВИДЕО: Деца + бензин + петарди = пеколна експлозија во училиште во Загреб
Огромна експлозија која личи на оние во акциските филмови ги потресла пред два дена жителите на загрепската населба Трешњевка. Снимката која на порталот „24 сата“ му ја испратил читател, покажува како опасно се забавувале деца во двор од основно училиште, предизвикувајќи потрес и голема „печурка“ од оган и чад која се издига во височините.
Препорачано
Како што потсетува порталот, минатата година на истото игралиште имаше слична експлозија, а полицијата утврди дека причина била импровизирана експлозивна направа направена од петарди прицврстени на канистер со бензин.
„Утврдено е дека импровизирана направа направена од запалива течност и одреден пиротехнички агенс вметнат во течноста била активирана во областа Трешњевка, а кривичната истрага за утврдување на идентитетот на сторителот и сите околности е во тек“, велат од полицијата.
Полицијата секојдневно апелира хрватските граѓани да не користат пиротехника за новогодишните празници. Во земјата секоја година има по неколку случаи на тешки повреди предизвикани од петарди и ракети за огномет, а жртвите најчесто се деца.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
9мин
-
30мин
-
38мин
-
39мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


