ВИДЕО | Де Ниро проговори како е да се биде татко на 80 години и како ги поделил обврските со својата девојка
Роберт де Ниро призна дека неговата девојка Тифани Чен го прави најголемиот дел од „напорната работа“ во одгледувањето на нивната шестмесечна ќерка Џиа Вирџинија.
Препорачано
Де Ниро зборувал за тоа како е да се биде татко на 80 години и како ги поделил обврските со својата девојка.
Актерот (80) искрено зборувал за воспитувањето на своето седмо дете и прво со Чен, во текот на интервјуто за „Гардијан“, објавено на 16 октомври.
На прашањето дали татковството некогаш станува „полесно“ откако е веќе долго време родител, Де Ниро признал дека никогаш не станува полесно. Сепак, тој ја пофалил својата партнерка за нејзината поддршка во воспитувањето на нивната ќерка, пренесува „Индепендент“.
„Не станува полесно“, рекол тој. „Тоа е што е. Во ред е. Јас не се занимавам со тешки работи. Тука сум, ја поддржувам мојата девојка, но таа работи. И имаме помош, која е многу важна“, рекол актерот.
Покрај ќерката Џиа, холивудскиот актер има уште шест деца од претходните врски. Де Ниро и неговата прва сопруга Дијана Абот ја имаат ќерка Дрена (52) и синот Рафаел (46).
Де Ниро во 1995 година со поранешната девојка Туки Смит ги доби близнаците Џулијан и Арон (27). Тој исто така, има 25-годишен син Елиот и 11-годишна ќерка Хелен Грејс со поранешната сопруга Грејс Хајтауер.
Во разговорот за „Гардијан“, Де Ниро се осврнал на некои работи во кои најмногу ужива кога е родител.
„Поинаку е со бебе отколку со мојата 11-годишна ќерка. Моите возрасни деца, моите внуци – сè е поинаку“, рекол тој.
Де Ниро опишал и како неговиот однос со постарите и со помалите деца се разликува.
„Со возрасните деца не разговарам на начин на којшто зборувам со моето бебе“, рекол тој и додал: „Или како што зборувам со мојата 11-годишна ќерка, иако таа е прилично паметна“.
Роберт де Ниро е татко на шест деца: Oва се неговите важни лекции за родителство


