ВИДЕО: Данска не го дава тронот, ја одбрани титулата светски шампион!

Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Денеска во скандинавското финале на 27 Светско првенство кое се одржа во Египет репрезентацијата на Данска со резултат 26:24 ја совлада Шведска.

Данците на тој начин го одбранија трофејот освоен пред две години, нивно вкупно второ злато на Мундијалите.

Швеѓаните после овој пораз мораа да се задоволат со сребрениот медал, вкупно четврти во нивната историја на светските шампионати.

После 45 минути егал борба на денешниот натпревар, Данска ја презеде контролата и прва стекна повисока предност благодарение на одличниот голман Ландин кој во клучните моменти ги откажа ривалите и со своите 15 интервенции беше еден од најзаслужните за конечниот епилог.

На 10 минути до крајот на мечот на семафорот стоеше 22:18, иако Шведска не се предаваше и можеше да дојде и до „минус еден“, но кога Ване кога беше најпотребно не успеа да реализира седмерец во 58 минута при 25:23. Со новата одбрана на Ландин и голот на Ландин Јакобсен почна и големото славје на данската селекција.

Кај стрелците најефикасен беше М. Хансен (прогласен за МВП, најкорисен играч на СП) со шест голови, а во поразените редови пет запиша Х. Ване.

Во продолжение и „Ол-стар“ тимот, изборот кој го објави ИХФ е базиран според перформансите на СП:

– Лево крило: Хампус Ване (Шведска)
– Лев бек: Микел Хансен (Данска)
– Среден бек: Јим Готфридсон (Шведска)
– Десен бек: Матијас Гидсел (Данска)
– Десно крило: Феран Соле Сала (Шпанија)
– Пивот: Лудовик Фабрегас (Франција)
– Голман: Андреас Паличка (Шведска)

Шпанците го освоија бронзениот медал на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот