ВИДЕО: Дали знаете дека во 1972 година Скопје било центарот на светскиот шах? | фото: ФБ група „Стари Скопјани“

ВИДЕО: Дали знаете дека во 1972 година Скопје било центар на светскиот шах?

Од 18 септември до 13 октомври 1972 година, во главниот град на Македонија се одржа ХХ Шаховска олимпијада – настан што засекогаш го впиша Скопје на светската шаховска мапа.

Сите партии и главни настани се одржаа на тогашниот Скопски саем, а учесниците беа сместени во новоизградениот хотел „Континентал“ и во „Олимпиското село“ на Водно.

 

Настанот се очекуваше со посебен интерес, бидејќи се одржа веднаш по „мечот на столетието“ меѓу Боби Фишер и Борис Спаски во Рејкјавик.

Оваа Олимпијада беше прва што се одржа со компјутерска поддршка, на 78 демонстрациони табли, преку кои публиката ги следеше партиите во живо. Учествуваа рекордни 373 шахисти од 63 земји, меѓу кои 35 велемајстори и 68 интернационални мајстори. Одиграни беа вкупно 2.728 партии, а 200 судии ги надгледуваа шаховските табли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот