ВИДЕО | Д-р Митов: За жал кај нас министерот има големо влијание и надвор од неговите ингеренции

Д-р Александар Митов, гостин во Утрински брифинг/Фото: Слободен печат

Системите кои што се добро изградени, САД ќе ги земам како пример, имаат многу мала разлика во однос на тоа кој ја води институцијата, дури и државата. Ние го имавме примерот со Трамп, но институциите се доволно силни, да го издржат тоа кој сака нека да дојде на било која позиција ќе ја пребродат таа криза и ќе одат понатаму и државата ќе издржи, изјави за Утрински брифинг, д-р Александар Митов.

-Кај нас за жал институциите не се ни од далеку на тој систем изградени и персоналните решенија кај на се поважни отколку во такви системи како што се во САД, Британија, Франција, Германија, каде што самиот систем може да се носи со какво био персонално решение. Тука персоналното решение има многу силно влијание и затоа не е воопшто сеедно, смета д-р Митов.

Тој нагласува дека кај нас, министерот за здравство има преголемо влијание врз системот.

-Второт што сакам да го кажам е дека министерот кај нас има многу силно влијание во системот. Не само преку неговите ингеренции кои што се лимитирани до самото министерство, но и надвор од неговите ингеренции влијанието е големо. Може да биде многу влијателен во болниците и повеќе отколку што треба, во клиниките, во Фондот за здравствено осигурување, додава д-р Митов.

Целиот разговор погледнете го видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот