ВИДЕО | Д-р Митов: Медитеранскиот начин на исхрана е многу сличен до нашиот со три разлики – доколку тие ги смениме правиме голем чекор кон здравата исхрана

Најлесно е човек да се изгуби во морето на коцептите за здрава исхрана и мислам дека нема друга област која толку е форсирана. Но ова нема некој историјат на кристално јасна наука, бидејќи медицината во последните 10 – 15 години самата го имаше запоставено овој дел, па дури начинот на исхрана беше сметан за алтернативна медицина. Но како последица од оваа генеза, ние дојдовме во ситуација во областа посветена на здравиот начин на исхрана да има толку многу разногласие и просто прва виолина да не биде науката, туку разноразни луѓе кои не се лекари, изјави во Утрински брифинг д-р Александар Митов.

Сепак има едно нешто кое што цело време како „фон“ оди во позадина е дека медитеранскиот начин на исхрана континуирано и конзистентно се покажува како најдобар начин на исхрана, било тоа дали ги гледаме епидемиолопшките студии во Шпанија, Италија, Грција или ги гледаме препораките на кардиолошките здруженија, вели Митов и додава дека главните карактеристики на медитерантскиот начин на исхрана не значи дека таа мора да биде морска.

Медитеранскиот начин на исхрана е многу сличен до нашиот со три разлики. Во традиционалната македонска кујна три работи само треба да смениме за да прејде во класичната медитеранска. Прво – има помалку тесто во класичната медитеранска – млечните производи се помалку присутни и третот е фреквенцијата на јадење месо на неделно и месечно ниво. Значи само тие три работи ако човек ги корегира – помалку тесто, млеко и не месо секојден сте добиле медитеранска исхрана, советува д-р Митов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот