ВИДЕО | Д-р Александра Димова: Алармантен е бројот на р’бетни заболувања, физичката активност е нужност

д-р Александра Димова
д-р Александра Димова / Утрински брифинг

Специјалистката по ортопедска хирургија д-р Александра Димова во денешен Утрински брифинг говореше за последиците од долго седење кај децата и пренесе препораки за превенција.

Неколку фактори придонесоа, меѓу другото и пандемијата со коронавирусот и воведените мерки, да се врзат децата за седење на столче и по десет часа на ден.

-Последици секако ќе има. Имаше и пред короната поради намалена физичка активност. Сега тоа зема замав и последиците ги гледаме во амбулантите. Тоа не подразбира само недостиг на физичко воспитување и отсуство на спортување, туку и самото седење кое предизвикува деформитети на грбот и на стапалата, вели д-р Димова.

Таа додава дека деформитетите на рбетот не се врзани само со не спортувње туку има и генетски фактори. Мускуларурата на грбот и стомакот треба да се цврсти за правилно држење. Децата по цел ден се во неприродна положба на телото поради прекумерно користење технологија. Немањето можност за спорт, особено пливање кое сега е оневозможено, сега предизвикува сколиози и кифози, објаснува докторката.

-Самата физичка неактивност и не излегувањето во природа преизвикува промени на табанската структура и добивање на рамни стапала, вели д-р Димова.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот