ВИДЕО | Д-р Ал Кхалили: Време е да се промени протоколот и да се дозволи посета на предвреме родените бебиња

Ковид пандемијата ја врати за 15 години назад неонаталната нега насекаде во светот. Поради безбедност на бебињата имаше значајно намалување на посетите на предвреме родените бебиња сместени во инкубатор. Сепак, со значителното намалување на интензитетот на ковид пандемијата, прележувањето на вирусот и вакцинацијата,  насекаде во Европа и во светот почнаа да се овозможуваат и посети на бебињата во инкубатор, освен во Македонија.

Доктор Денис Ал Кхалили, педијатар на неонатална интензивна нега во Гинеколошко акушерска клиника во Скопје вели дека од исклучително значење за закрепнувањето на бебето е близината на неговата мајка. Тој повикува што побрзо да им се овозможжи посети на мајките чии бебиња се во инкубатор.

– Во светот веќе се оди кон нега насочена кон семејството, што значи дека не се зема само бебето како пациент, туку целото негово семејство. Бебето има многу голема корист од контактот со мајката, посебно ако има можност за кенгурирање и контакт кожа на кожа.  На тој начин мајката дава топлина и голем бенефит од флората на нејзината кожа. Дури и добрите бактерии од кожата на мајката се помалку опасни од болничките бактерии со кои ќе се соочи секој пациент при подолг престој во болница. Посетата е основно право на мајките, но не е доволна, непходно е кенгурирање и исхрана со мајчино млеко, бидејќи тоа ги намалува компликациите и го забрзува заздравувањето, објаснува д-р Ал Кхалили.

Тој вели дека оваа иницијатива не започнала од него ниту од организацијата за мајки и бремени жени „Лулка“ туку од самите родители кои се во тек со случувањата во светот и  бараат како и во другите држави, и кај нас да не се скратува правото на посета на новороденчињата

Д-р Ал Кхалили нагласува дека смртноста на новороденчињата е значително намалена во изминатите четири години, но признава дека треба да се подобри комуникацијата на докторите и медицинските сестри со семејствата на бебињата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот