ВИДЕО: Цунами се шири низ Пацификот по ерупцијата на Тонга, и Америка го очекува ударот

Фото: Јутјуб/принтскрин

Цунамито предизвикано од денешниот силен земјотрес и ерупција на подводен вулкан во малата островска земја Тонга во Пацификот, денеска ги погоди бреговите на јапонските острови Амами, а јапонската ТВ станица НХК јавува дека бранот е висок околу 1,2 метри и се очекува да направи значителна материјална штета.

Јапонската метеоролошка агенција претходно издаде предупредување за цунами на брегот на Тихиот Океан и ги повика жителите да се евакуираат од крајбрежните области по големата подводна ерупција на вулканот во островската држава Тонга.

Снимките објавени на социјалните мрежи го прикажуваат ударот на бранот во јапонскиот брег.

Во меѓувреме, предупредување за цунами е издадено во сите држави кои излегуваат на Пацификот, меѓу кои се и САД.

Предупредувањето за цунами било издадено за Хаваите, Алјаска и на целиот западен пацифички брег на САД, а според извештаите на американската агенција АП на Хаваи, брановите биле доволно големи за да ги турнат чамците и малите бродови во пристаништата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот