ВИДЕО | Црвена Звезда и Партизан во одлично дерби ги поделија бодовите

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во едно возбудливо дерби во кое видовме четири гола и многу шанси Црвена Звезда и Партизан ги поделија бодовите одигрувајќи 2:2 во рамките од 24. коло во срската Суперлига.

Црвена Звезда од самиот старт беше тимот кој повеќе напаѓаше и се играше пред голот на Партизан кој своја прилика чекаше по контранапади. Двата гола во првиот дел ги видовме во завршницата.

Прво Спајиќ го отвори резултатот во 44. минута, а Партизан само две минути подоцна преку Салдања ги врати работите како на почетокот. На пауза се замина со резултат 1:1.

Партизан на стартот на второто полувреме постигна и втор гол во мрежата на Зцезда, а стрелец беше Калулу по само четири минути игра во вториот дел.

По тој гол на Партизан следеше голема офанзица на Звезда и таквата игра вроди со плод кога Нидаје во 67. минута изедначи на 2:2. До крајот на средбата Звезда создаде уште барем 2-3 одлични прилики за гол меѓутоа резултатот не се промени. Треба да се спомене и дека Северина во редовите на Партизан беше исклучен во 74. минута поради два жолти картони.

Ова реми повеќе му одговараше на Партизан кој остана лидер на табелата со 60 бодови, еден повеќе од Звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот