ВИДЕО: Црвена звезда го освои Купот на Србија, трета „двојна круна“ по ред

Фудбалерите на Црвена звезда го освоија Купот на Србија, откако во финалето го совладаа Чукарички со 2:1 (0:1).
Пред 10.000 гледачи на стадионот „Рајко Митиќ“ и покрај силниот дожд што врне пред мечот, се гледаше спектакуларен фудбал, со многу шанси на двете страни, а „црвено-белите“ го освоија третиот трофеј во низа, вкупно 27 во историјата, а воедно и трета последователна „двојна круна“.
Чукарички поведе со феноменалниот гол на капитенот Марко Доциќ во 21 минута, кој директно од корнер го совлада Милан Борјан, а пресвртот во продолжението го донесе Александар Пешиќ.
Голгетерот на Црвена звезда најпрвин постигна гол со глава во 61 минута по центаршутот на Кингс Кангва, а потоа ја обезбеди победата по контранапад во 76. минута.
Според најавите во недела од 19.00 часот Црвена звезда ќе го слави освојувањето на 34 шампионска титула во натпреварот од последното коло од плејофот на српската фудбалска Суперлига против Нови Пазар.