Домен Превц/EPA/FILIP SINGER

ВИДЕО: Чудесниот Превц нема конкуренција – ги победи Австријците на нивни терен

Во австрискиот Кулм стартуваше првото индивидуално натпреварување сезонава што се бодува за Светски куп во ски-скокови, а на големата скокалница повторно блесна Домен Превц.

Словенечкиот ас уште еднаш покажа шампионска форма и со вкупно 433 поени стигна до нова победа. Триумфот го обезбеди со минимална разлика од 1,1 поен пред Австриецот Штефан Ембахер, додека третопласираниот Јонас Шустер заостана дури 31,9 поени зад победникот.

Со овој успех, Превц дополнително се зацврсти на врвот во генералниот пласман. Тој сега има 1.714 бодови, речиси 700 повеќе од најблискиот конкурент, Јапонецот Рјоју Кобајаши, кој е втор со 1.021.

Прашањето повеќе не е дали, туку кога Превц и официјално ќе го обезбеди Големиот кристален глобус за сезоната 2025/2026, бидејќи словенечкиот ски-скокач чекори кон титулата со сигурност и континуитет.

ВИДЕО: Одермат се врати на победите во Гармиш-Партенкирхен, хитот од Олимписките игри остана без подиум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот