ВИДЕО: Чудесен пресврт на Тотенхем, Ливерпул се враќа на врвот во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Во 24 коло од Премиер лигата екипата на Тотенхем со 2:1 пред своите навивачи го совлада Брајтон. Гостинските фудбалери водеа по првото полувреме со голот на Грос кој беше прецизен од пенал во 17 минута.

Израмнија домаќините во 61 минута преку Сар, а конечниот епилог беше поставен во 96 минута со погодокот на Џонсон по асистенцијата на Сон Хјунг-мин.

Ливерпул оствари важна победа во трката за титулата откако со 3:1 на „Енфилд“ го надигра Барнли. Во 31 минута поведоа „црвените“ со голот на Диого Жота во 31 минута, а непосредно пред паузата резултатот беше израмнет преку О`Ши.

Повторно водеа фудбалерите на Јирген Клоп од 52 минута благодарение на Дијаз, а трите бода ги потврди Нуњез во 79 минута.

Ливерпул е на првото место со 54 бодови, два повеќе од Манчестер сити, со напомена дека „граѓаните“ имаат еден меч помалку.

Се одиграа уште три натпревари: Фулам – Борнмут 3:1, Лутон – Шефилд јунајтед 1:3 и Вулверхемптон – Брентфорд 0:2.

ВИДЕО: Халанд двоен стрелец во победата на Манчестер сити против Евертон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот