ВИДЕО: Халанд двоен стрелец во победата на Манчестер сити против Евертон

фото: EPA-EFE/ASH ALLEN

Фудбалерите на Манчестер сити денеска на домашен терен ја совладаа екипата на Евертон со 2:0 во натпреварот од 24 коло во Премиер лигата.

Победата на „граѓаните“ ја донесе норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд со головите во 71 и 85 минута.

Во првиот погодок Халанд најдобро се снајде после корнер и мешаницата во казнетиот простор, а во вториот искористи контранапад по асистенцијата на Кевин де Брујне.

Играчите на Пеп Гвардиола ја запишаа 16 победа оваа сезона и со 52 бодови се моментно првопласирани. Евертон останува на 18 позиција со 19 бодови.

Во следното коло Сити во дербито ќе го пречека Челси на 17 февруари, додека Евертон ќе ги одмери силите против Кристал палас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот