Фото: „Икс“ / скриншот

ВИДЕО: Членови на СНС удрија по граѓаните и полицијата со „топовски удари“ и јајца пред просториите на партијата во Краљево

Граѓани на протест во српскиот град Краљево попладнево беа нападнати од просториите на Српската напредна партија во градот. Врз собраните граѓани биле фрлани топовски истрели, а од прозорците летале јајца, јавува српски Данас.

Набргу по првичниот инцидентот, дошла полицијата, која се наоѓа пред просториите на Српската напредна партија, каде што биле скршени прозорците. Собирот бил сосема мирен сè додека јајцата не полетале од просториите на СНС, велат демонстрантите.

Полицијата не реагираше додека луѓето од просториите на СНС ги нападнаа граѓаните, а тие во еден момент формираа жив ѕид само за да ги спречат граѓаните да се приближат кон просториите на СНС, додека напаѓачите продолжија да ја напаѓаат толпата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот