ВИДЕО: Челси рутински на „Стемфорд Бриџ“, Варди за победа против Вулверхемптон

Лондонските „сини“ без проблеми против Кристал Палас/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Се одиграа уште пет натпревари од првото коло во Премиер лигата, еден од фаворитите за титулата Челси на домашен терен со 3:0 го совлада Кристал Палас.

Гол серијата ја започна Алонсо со прекрасен погодок од слободен удар во 27 минута, а пред паузата Пулишиќ се погрижи за зголемување на водството.

Конечниот епилог беше поставен во 58 минута со погодокот на Чалобах после асистенцијата на Ковачиќ.

Лестер пред своите навивачи дојде до првите три бода во 41 минута кога стрелаше Варди по додавањето на Переира на дуелот против Вулверхемптон.

Во другите мечеви: Барнли-Брајтон 1:2, Евертон-Саутемптон 3:1 и Ватфорд-Астон Вила 3:2. Од 18.30 часот Норич е домаќин на Ливерпул.

ВИДЕО: Кошмарен старт за Арсенал, планираше три, не освои ниту еден бод

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот