ВИДЕО | Бухова: Сите медицински лица би требало задолжително да бидат вакцинирани

д-р Ирина Бухова / Утрински брифинг

Д-р Ирина Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат во денешен Утрински брифинг зборуваше за вонредната инспекциска контрола извршена во 18-те модуларни болници во Македонија, но и за други теми кои се однесуваат на ковид објектите.

Ние сме постојано на терен. Немаме затекнато некој неовластено да престојува во ковид болниците. За надзорите по 8 септември, кога се случи несреќата со пожарот во Тетово, далеку е поголема дисциплината и е промената атмосферата во сите болници по овој несреќен случај. вели Бухова.

Ковид одделенијата имаат апсолутна забрана за посета, потсети д-р Бухова.

ДЗСИ нема забелешки на санитарните услови во модуларните болници како и справувањето со медицинскиот отпад. ДЗСИ нема ингеренции од аспект на градежниот дел туку само од санитарниот дел.

Го контролираме санитарните услови на објектите и санитарната состојба на вработените. Не би не изненадите интрахоспитални инфекции, вели докторката.

Во врска со вакцинацијата во нејзината институција д-р Бухова вели дека во ДЗСИ сите се или вакцинирани или имаат прележано ковид и се во период кога се чека пред вакцинација. Од медицинскиот персонал што ДЗСИ го контролираше вчера, Бухова вели дека повеќето се вакцинирани, но оние помалку кои не се немаат ингеренции да ги поттикнуваат на тоа затоа што вакцинацијата не е задолжителна.

Мојот личен став е дека сите лица вработени во медицински установи би требало задолжително да бидат вакцинирани, рече Бухова за Утрински брифинг.

Вонредна инспекција во тетовската болница, ДЗСИ проверува дали роднини влегуваат кај болните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот