ВИДЕО: Брнз пред заминување го отвори плоштадот „Вудро Вилсон“ во Чаир

Фото: Општина Чаир

Американската амбасадорка Кејт Брнз и градоначалникот на скопската општина Чаир, Висар Ганиу, вчера го промовираа новоотворениот плоштад „Вудро Вилсон“, кој се наоѓа пред зградата на општината.

Плоштадот е именуван по 28-от претседател на САД, откако пред три години, Општина Чаир се збратими со градот Стонтон, родното место на Вилсон, една од најславните личности на американската политика.

По збратимувањето, беше поставена биста на американскиот претседател во дворот на општина Чаир, а потоа беше изграден и плоштадот „Вудро Вилсон“ пред општинскиот административен објект.

Плоштадот, поплочен со природен гранит, вклучува и амфитеатар со 80 седишта, сцена и фонтана.

Брнз е на заминување од земјава, каде служеше како амбасадорка во изминатите три години. На нејзино место, Стејт департментот ја именуваше дипломатката Анџела Агелер, поранешна вработена во амбасадата во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот