Британскиот министер за одбрана Бен Волас/Фото: EPA/WILL OLIVER

ВИДЕО | Британскиот министер за одбрана во солзи: Некои луѓе нема да се вратат

Британскиот министер за одбрана призна дека некои луѓе „нема да се вратат“ додека Британија пробува да ги евакуира авганистанските сојузници од Кабул, заедно со своите граѓани, со британските воени сили чија цел е да спасат повеќе од илјада луѓе дневно, пренесува Ел-Би-Си њуз.

Бен Волас не успеа да ги задржи солзите додека говореше за актуелната состојба во Авганистан.

Тој говореше за напорите на Британија за да ги врати сите британски државјани. Околу 4 илјади британски државјани и Авганистанци, кои се квалификувани за добивање на британски визи се наоѓаат во Кабул и потребно им е спас од земјата.

„Многу ми е жал, бидејќи некои луѓе нема да се вратат. А ние ќе направиме се што можеме додека третите земји ги процесираат тие луѓе“ изјави Волас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот